Квалитет

Квалитетот е темел на нашата компанија за производство, промет и услуги наменети за одржување  и  унапредување на естетскиот изглед на автомобилот. Нашата должност е да набљудуваме и унапредуваме квалитетот на нашите производи и услуги за да бидеме сигурни дека тие ги исполнуваат сите   стандарди на сигурност, квалитетот како и заштита на животната средина. Дистрибутерите се внимателно одбрани поради исклучителниот квалитет на производите и репутацијата помеѓу строгата конкуренција.

Изразот квалитет на производот претставува комплексен поим  и е стален придружник на човекот во секојдневниот живот и работа, како за производителот така и за корисникот. Квалитетот се обезбедува со услов да сите мерки и активности за цел на постигнувањето на потребниот квалитет во склад со поставениот план за квалитет кои  опфаќа: планирање на квалитет, управување со квалитетот и испитување на квалитетот. Ние секој ден работиме на подобрувањето и унапредувањето на нашите производи за да им обезбедиме на купувачите долгорочна и ефикасна употреба на нашите производи. За производите велиме дека се од висок квалитет, само ако им е докажано трајноста или економичноста во употреба .

Што е квалитет ?

Квалитетот различно се разбира и интерпретира во зависност од тоа кој гледа на квалитетот. Различните разбирање на квалитетот имаат потрошувачите , производителите и пазарот. Квалитетот гледано од точката на потрошувачот е мерка за вредност на производот или услугите кои ги задоволуваат одредените потреби. Робата која има употребна вредност така да ги задоволува потребите на корисникот. Квалитетот гледано од точка на производителот е мерка која што покажува колку сопствениот или услугата намената за пазарот е успешна, односно колку производ или услуги се продадени. Квалитет гледано од точка на пазарот е мерка од која одредена роба или услуга го задоволува одредениот купувач во однос на истата роба или услуга на конкуренцијата. Квалитет  е мерка до која производите и услугите поминале од купопродажбата и се потврдени како квалитетен производ или услуга и при тоа оствариле голем профит.